На 13 јануари, петок, луксузниот брод Коста Конкордија со повеќе од 3200 патници и екипаж од 1000 луѓе удри во гребен, се преврте и делумно потона. Шестмина се сметаат за мртви, меѓу кои и двајца француски патници и еден перуански член на екипажот, кои најверојатно се удавиле скокајќи во водите на Медитеранот по ударот на бродот. Четиринаесет патници се водат како исчезнати, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани. Инцидентот се случил само неколку часа откако бродот го започнал крстарењето. Капетанот Франческо Скетино е уапсен под обвинение за ненамерно убиство и напуштање на бродот.
| 1 |
Бродот Коста Конкордија по ударот во морскиот гребен и превртувањето; 14 јануари 2012. |
|
| 2 |
Патници на Коста Конкордија со елеци за спасување чекаат да бидат евакуирани на брегот на Тоскана. Фотографијата ја направи патник на бродот на 14 јануари 2012. |
|
| 3 |
Луксузниот брод Коста Конкордија, навален откако удрил во копно во близина на брегот; 14 јануари, 2012. |
|
| 4 |
Патници на Коста Конкордија пристигнуваат на пристаништето Санто Стефано на 14 јануари 2012. |
|
| 5 |
Преживеани од бродот Коста Конкордија пристигнуваат на пристаништето во Марсеј, Јужна Франција; 14 јануари 2012. |
|
| 6 |
Бродот Коста Конкордија превртен по ударот во морскиот гребен; 14 јануари 2012. |
|
| 7 |
Бродот Коста Конкордија превртен по ударот во морскиот гребен; 14 јануари 2012. |
|
| 8 |
Дупки на трупот на Коста Конкордија; 14 јануари 2012. |
|
| 9 |
Пожарникари ги разгледуваат оштетувањата на бродот; 15 јануари 2012. |
|
| 10 |
Коста Конкордија опкружен со мали бротчиња; 14 јануари 2012. |
|
| 11 |
Ноќен поглед на превртениот брод Коста Конкордија, од пристаниште на тосканскиот брег; 15 јануари 2012. |
|
| 12 |
Спасувачки брод го насочува светлото кон Коста Конкордија; 14 јануари 2012. |
|
| 13 |
Италијански пожарникари се качуваат на бродот; 14 јануари 2012. |
|
| 14 |
Пожарникар го пребарува бродот; 15 јануари 2012. |
|
| 15 |
Спасувачи го пребаруваат морето во близина на оштетениот брод; 15 јануари 2012. |
|
| 16 |
Луѓе ги гледаат столовите од палубата на Коста Конкордија; 15 јануари 2012. |
|
| 17 |
Кабината на делумно потонатиот брод; 14 јануари 2012. |
|
| 18 |
Италијански пожарникарски хеликоптер крева патник од Коста Конкордија; 15 јануари 2012. |
|
| 19 |
Нуркачи го пребаруваат Коста Конкордија; 15 јануари 2012. |
|
| 20 |
Припадници на италијанската крајбрежна стража ја предаваат црната кутија од уништениот брод; 14 јануари 2012. |
|
| 21 |
Апсењето на Франческо Скетино, капетанот на Коста Конкордија; 14 јануари 2012. |
|
| 22 |
Поглед на превртениот брод Коста Конкордија од копно; 14 јануари 2012. |
|
| 23 |
Подводна фотографија на Коста Конкордија направена од припадник на италијанската крајбрежна стража; 13 јануари 2012. |
|
| 24 |
Подводна фотографија на бродот на која се гледа оштетување на трупот; 16 јануари 2012. |
|
| 25 |
Припадници на италијанската крајбрежна стража го прегледуваат уништениот и потонат дел од бродот; 16 јануари 2012. |
|
| 26 |
Италијански нуркач го пребарува бродот; 16 јануари 2012. |
|
| 27 |
Италијански нуркач плива и се пробива низ отпадот во оштетениот брод, барајќи преживеани; 16 јануари 2012. |
|