Ким Јонг Ун

По смртта на Ким Јонг Ил, севернокорејските медиуми објавија низа фотографии од „Големиот наследник“ Ким Јонг Ун. На фотографиите, новиот корејски лидер посетува училишта, фабрики и воени објекти. За Ким Јонг Ун се знае малку. Непозната е дури и неговата точна возраст - можеби има 28, 29 или 30 години. Од она што може да го дознаеме од фотографиите, гледаме дека Ким Јонг Ун во голема мера ги следи стапките на татко му.
Во галеријава ви претставуваме 35 неодамна објавени фотографии од новиот лидер на Северна Кореја. Под секоја фотографија е наведен датумот на нејзино објавување.

1 Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун (во средина) гледа воена вежба на единицата 1017 на авијацијата на корејската народна армија; 31 јануари, 2012.

2 Ким Јонг Ун (осми од лево) позира со новоизбраните членови на раководното тело на Работничката партија на Северна Кореја; 30 септември, 2010.

3 Ким Јонг Ил (лево) и Ким Јонг Ун (десно) ги гледаат подароците донесени од кинескиот министер за државна безбедност Менг Џианзу при посетата на Пјонгјанг; февруари, 2011.

4 Ким Јонг Ун во посета на компанијата Мокран во Пјонгјанг. Фотографијата не е датирана.

5 Ким Јонг Ил и неговиот син Ким Јонг Ун аплаудираат на воена парада во Пјонгјанг, организирана по повод 65-годишнината од основањето на комунистичката Работничка партија; 10 октомври, 2010.

6 Ким Јонг Ун му оддава почит на покојниот татко Ким Јонг Ил во меморијалниот центар Кумсуан во Пјонгјанг; 20 декември 2011.

7 Ким Јонг Ун претседава со меморијална служба во чест на неговиот покоен татко на плоштадот Ким Јонг Ил во Пјонгјанг; 29 декември 2011.

8 Ким Јонг Ун јава на коњ; фотографијата не е датирана.

9 Ким Јонг Ун зборува опкружен со војници; фотографијата не е датирана.

10 Ким Јонг Ун во посета на командата на единицата 671 на Корејската народна армија; 22 јануари, 2012.

11 Ким Јонг Ун во посета на училиште за време на новогодишните празници; 25 јануари 2012.

12 Ким Јонг Ун во посета на единицата 169 на Корејската народна армија; 19 јануари, 2012.

13 Ким Јонг Ун (во средина, седи) позира заедно со учениците и професорите во училиште, за време на прослава на лунарната Нова година;

14 Ким Јонг Ун во посета на тенковската единица 105 на Корејската народна армија; 1 јануари, 2012.

15 Ким Јонг Ун во посета на единицата 1017 од авијацијата на Корејската народна армија; 31 јануари, 2012.

16 Ким Јонг Ун излегува од внатрешноста на тенк; 8 јануари 2012.

17 Ким Јонг Ун ја проверува храната на војниците од единицата 169 на Корејската народна армија во Пјонгјанг; 19 јануари, 2012.

18 Ким Јонг Ун на ручек со ученици од севернокорејско училиште; 23 јануари, 2012.

19 Ким Јонг Ун опкружен со воени лица, во посета на единицата 169 на Корејската народна армија во Пјонгјанг, 19 јануари, 2012.

20 Ким Јонг Ун (напред во средина) позира за време на посета на единицата 671 на Корејската народна армија. На знакот пишува: „Му служиме на почитуваниот врховен командант, другарот Ким Јонг Ун“; 22 јануари, 2012.

21 Ким Јонг Ун, придружен од обезбедувањето, во посета на единицата 671 на Корејската народна армија во Пјонгјанг; 22 јануари, 2012.

22 Ким Јонг Ун со оружје во рацете; 8 јануари 2012.

23 Ким Јонг Ун се поздравува со учениците во севернокорејско училиште; 23 јануари, 2012.

24 Ким Јонг Ун во посета на тенковската единица 105 на Корејската народна армија во Пјонгјанг; 1 јануари, 2012.

25 Ким Јонг Ун во посета на Народниот парк кој е во изградба; 12 јануари, 2012.

26 Ким Јонг Ун разгледува гитара во посета на воен оркестар. Фотографијата не е датирана.

27 Ким Јонг Ун во посета на тенковската единица 105 на Корејската народна армија; 1 јануари, 2012.

28 Ким Јонг Ун во посета на тенковската единица 105 на Корејската народна армија; 1 јануари, 2012.

29 Ким Јонг Ун во посета на воена единица, на непозната локација во Северна Кореја; 19 јануари, 2012.

30 Ким Јонг Ун во посета на училиште во Пјонгјанг; 25 јануари, 2012.

31 Ким Јонг Ун разгледува оружје; 8 јануари, 2012.

32 Ким Јонг Ун зборува со припадници на армијата на непозната локација во Северна Кореја; 8 јануари, 2012.

33 Ким Јонг Ун со членови на авио клуб, на непозната локација во Северна Кореја; 28 јануари 2012.

34 Ким Јонг Ун со припадници на единицата 1017 на авијацијата на Корејската народна армија; 31 јануари, 2012.

35 Ким Јонг Ун со членови на авио клуб, на непозната локација во Северна Кореја; 28 јануари 2012.

14
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk