Карневалска 2012-та

Карневалската сезона за оваа година е при крај. Насекаде низ светот се одржаа карневали со различна тематика, најчесто по повод испраќањето на зимата и најавувањето на пролетта. Карневалското расположение кулминираше минатиот викенд во Рио де Жанеиро, каде милиони граѓани излегоа на улиците, а им се придружија околу 800 000 странски и домашни туристи. Во галеријава ви претставуваме 37 фотографии од неодамна одржаните карневали ширум светот.

1 Танчарка од школа за самба парадира на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

2 Член на групата Диаблада Урус облечен како ангел на карневалот во Оруро, Боливија; 18 февруари, 2012.

3 Членови на групата Диаблада настапуваат на карневалот во Оруро, Боливија; 18 февруари, 2012.

4 Маскиран учесник на карневалот во Венеција, во близина на плоштадот Св. Марко; 18 февруари, 2012.

5 Луѓе на плоштадот Св. Марко во Венеција собрани да ја гледаат точката „Ангелски лет“, во која една жена се спушта од камбанаријата на црквата на плоштадот; 12 февруари, 2012.

6 Луѓе си играат во кал на карневалот „Блоко да Лама“ во Парати, Бразил; 18 февруари, 2012.

7 Толпа луѓе го проследува традиционалниот настап на бендот „Кордао до Бола Прета“ на карневалот во Рио де Жанеиро; 18 февруари, 2012.

8 Танчарка од школа за самба парадира на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

9 Карневалски танчари на брод на карневалската парада во Сао Паоло; 19 февруари, 2012.

10 Учесник на карневалот во Сао Паоло танцува за време на карневалската парада; 19 февруари, 2012.

11 Членови на школата за самба Росад де Оуро на отворањето на карневалот во Сао Паоло; 18 февруари, 2012.

12 Танчари од школата за самба Манча Верде на парадата во Сао Паоло; 18 февруари, 2012.

13 Танчарка од школата за самба Манча Верде на парадата во Сао Паоло; 18 февруари, 2012.

14 Танчарка на карневалот во Монтевидео, Уругвај; 10 февруари, 2012.

15 Танчарка на втората карневалска вечер во Монтевидео; 10 февруари, 2012.

16 Маскирано лице позира на плоштадот Св. Марко на карневалот во Венеција; 11 февруари, 2012.

17 ЛаТоја ДеЛеан со нејзината карневалска креација на карневал во Тринидад и Тобаго; 9 февруари, 2012.

18 Маскирана учесничка на карневалска парада во Тринидад и Тобаго; 16 февруари, 2012.

19 Учесници на 128-от карневал во Ница, Франција; 18 февруари, 2012.

20 Поглед на 128-та карневалска парада во Ница; 18 февруари, 2012.

21 Маскирана жена на карневалот во Ница; 18 февруари, 2012.

22 Кралот на карневалот во Ница; 18 февруари, 2012.

23 Танчари на карневалот во Баранкила, Колумбија. Карневалот кој настанал во XIX век како пародија на прославите на европските емигранти и аристократи во 2003 беше заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство; 18 февруари, 2012.

24 Жена се шминка за време на подготовките за карневалот во Баранкила, Колумбија; 19 февруари, 2012.

25 Учеснички на карневалот во Баранкила пред нивниот настап; 19 февруари, 2012.

26 Членови на школа за самба на карневалот во Рио де Жанеиро; 19 февруари, 2012.

27 Членови на школата за самба Портела на карневалот во Рио де Жанеиро; 19 февруари, 2012.

28 Танчарка од школата за самба Беижа Флор на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

29 Членови на школата за самба Императриз Леополдинезе на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

30 Танчар на карневалската парада во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

31 Танчарки од школата за самба Императриз, на првата карневалска вечер во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

32 Танчарка од школата за самба Камиса Верде се подготвува за настап на церемонијата на отворање на карневалот во Сао Паоло; 18 февруари, 2012.

33 Танчарка од школата за самба Порто да Педра парадира на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

34 Маскирани учесници парадираат на карневалот во Рио де Жанеиро; 19 февруари, 2012.

35 Танчарка игра самба на карневалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

36 Танчари настапуваат на фестивалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

37 Танчарка од школата за самба Императриз Леополдинезе, на фестивалот во Рио де Жанеиро; 20 февруари, 2012.

14
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk