Атина во пламен

Викендов повеќе од 45 згради во Атина беа запалени од насилните демонстранти. Нередите започнаа откако грчкиот парламент го усвои пакетот мерки за штедење, за да ги исполни барањата на Европската Унија и ММФ. Мерките кои беа предуслов за одобрување на новиот заем за Грција од 170 милијарди долари вклучуваат отпуштање работници од јавниот сектор и 20% намалување на минималната плата. Повеќе од 80 000 Грци протестираа на улиците на Атина, а помеѓу демонстрантите имаше и мала насилна група која фрлаше молотови коктели кон полицијата и подметна многу пожари. Повеќе од 120 полицајци и демонстранти беа повредени во нередите. По усвојувањето на штедачките мерки следува нивна имплементација, што може да предизвика силен отпор кај грчките граѓани. Ви претставуваме 36 фотографии од немирниот викенд во Атина.

1 Полицајци пред пламен предизвикан од експлозија на бензин, за време на судирите со демонстрантите пред грчкиот парламент.

2 Илјадници луѓе протестираат против штедачките мерки на плоштадот Синтагма.

3 Членови на Грчката комунистичка партија мавтаат со знамиња и поставуваат пароли на грчки и англиски јазик против политиката на ЕУ кај храмот Пантенон на Акропол.

4 Демонстрант вее грчко знаме среде толпата што протестира на плоштадот Сингтагма.

5 Демонстрант лице во лице со полицијата пред да започнат судирите.

6 Демонстрант фрла молотов коктел кон полицијата за време на нередите по протестот.

7 Полицаец апси демонстрант за време на 48-часовниот генерален штрајк во Атина.

8 Демонстранти во судир со полицијата во Атина.

9 Демонстранти се заштитуваат од солзавецот што полицијата го фрли за да ги растера насилните демонстранти во центарот на Атина.

10 Демонстрант со гас-маска бега од полицијта за време на протестот во центарот на Атина.

11 Демонстрантите ја напаѓаат полицијата со пиротехника.

12 Молотов коктел експлодира среде полицајци за време на протестот на плоштадот Синтагма.

13 Демонстрантите ја попречуваат полицијата со зелени ласери во судирите во центарот на Атина.

14 Полицијата ги потиснува демонстрантите кон античкиот храм на Зевс.

15 Полицаец се обидува да ги изгасне пламените што го зафатиле од фрлените молотови коктели.

16 Полицаец се обидува да се заштити од фрлен молотов коктел во нередите на плоштадот Синтагма.

17 Човек на велосипед минува покрај запалена зграда во Атина.

18 Полицајци покрај пламен од фрлени молотови коктели.

19 Полицаец со штит се брани од фрлените камења и молотови коктели.

20 Запалени згради во близина на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.

21 Демонстрант со гас маска стои покрај запалена автобуска билетарница во Атина.

22 Запалена зграда на улицата Стадиу во Атина.

23 Полицаец стои пред запалена зграда за време на протест во Атина.

24 Демонстрант со гас маска на лицето и сообраќаен знак и камен во рацете, во судир со полицијата.

25 Демонстрант повреден во насилните протести.

26 Демонстранти фрлаат молотови коктели врз полицијата.

27 Молотов коктел експлодира пред полицајци на плоштадот Синтагма.

28 Пожарникар гаси пожар во запалено кино во Атина.

29 Пожарникар се обидува да го изгасне пожарот во кино во Атина.

30 Запалени урнатини и отпад среде улица во Атина.

31 Пожарникар завршува со гасење на пожар во зграда во Атина.

32 Работници расчистуваат опожарено кафуле во центарот на Атина.

33 Пожарникар завршува со гасење на пожарот во едно од најстарите кина во центарот на Атина.

34 Човек минува покрај централата на Грчката народна банка, чиј знак е променет во „Берлинска банка“.

35 Сопственичка на продавница ја расчистува штетата направена при насилните протести.

36 Опожарена зграда во центарот на Атина.

14
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk