Постојаниот развој на Хонг Конг, со себе носи постојано рушење на старите и ефтини станови за изнајмување и изградба на нови и ултра скапи згради и куќи. Меѓу другото, ова доведе до појава на "луѓе од кафезите" кои заради сиромаштијата живеат во кафези со површина не поголема од 1,5 метар квадратен, за кој плаќаат месечна кирија и до 150 евра.
Заради тоа што е мормон и религијата му забранува, дечково не може да гледа фотографии со порно и голотија. Заради тоа што е тинејџер и e попален, нашол начин како ем да не ја прекрши верата, ем да (мисли дека) гледа нешто голо. Техниката ја крстил "bubbling" и некако функционира :)
Авганистан е единствена мерка за Авганистан. Нема друг начин на кој може да направите споредба за земјата. Сепак 16 години подоцна, и во земјата и не е така лошо, како за Авганистан.
Само неколку елитни универзитети во Европа и светот се уште успешно одолеваат на „меркантилизацијата“, чија последица е тоа што универзитетите место претходното „универзално“, се’ повеќе негуваат поприменливо, „плуриверзитетно“ знаење. Сведоци сме на судбински пресврт: општеството речиси престана да биде предмет на научно истражување, а политичарите во негово име го узурпираа правото да поттикнуваат размислување за автономијата на универзитетската сфера. Високошколските установи, заедно со истражувачкиот комплекс, се’ повеќе потсетуваат на супермаркети кои, потпирајќи се на пазарниот „маоизам“, служат и му се прилагодуваат на вкусот на своите корисници.
Штом заврши “Промената” а телото влезе во својата напредна фаза, женскиот мозок го дуваат други ветришта. Додека мажите како што стареат така почнуваат да покажуваат зголемен интерес за врски, зрелите жени стануваат подготвени да ризикуваат, особено ако нивното гнездо е празно.
1. Нема да објавуваш или тагуваш пријатели во засрамувачки или инкриминирачки фотографии.
За ова се алманасите и слични работи на нив, кои се сместени на полиците и достапни на одбрани неколкумина, не на целиот интернет, пред сите потенцијални работодавци или идни партнери.
Доволно чуден беше муабетот дека сопругот не и е верен на Сандра Булок, комплетно беше неверојатно дека тој е со комплетно истетовирана, нео-нацист стриптизета. Барем Оскарот ќе и остане верен.
Има многу убавини, меѓутоа архитектурата не е една од нив. Изграден по земјотресот кој во 1963-та го срамни најголемиот дел од градот, Скопје со години се карактеризираше со грди бетонски згради и чудни празни простори. Меѓутоа, на почетокот од годинава конзервативната влада на Никола Груевски, го прикажа видеото кое ја откри полната амбиција на "Скопје 2014-та," нејзиниот план за радикална промена на центарот на градот.
Професорка по соло пеење од Њујорк ги анализира гласовите на петмина музичари, петмина хеви метал музичари. Ози, Дикинсон, Рони Џејмс Дио, Роб Халфорд и Кинг Дајмонд.
Во кој дел од светот е дозволено да имате секс со јагне, каде жената има право да го убие сопругот заради прељуба и каде со закон е забрането да имаш секс без кондом.
Веројатно најдобрите понуди за недвижнини во САД доколку сте ограничени на буџет од (горе - долу) милион долари. Има се, од излез на океан, до дабови во Јута и гужва во Њујорк.
Прво да разјасниме дека ребрендирање е сосема различно од редизајн на лого. Освен логото, ребрендирањето го опфаќа и дизајнот на пакувањето, на етикетите, на веб страната, на маркетинг кампањата, на комплетниот изглед на една компанија. Еве колку чинеа неодамнешните ребрендирања на 8 познати брендови.
1,45-метри високата треш кралица на ЕмТиВи, Снуки од Jersey Shore, се претвори во школски пример за нов вид на маркетинг стратегија која комплетно го протресе светот на ултра луксузната (и под еднакво скапа) мода.
Ако е нешто приближно интересно како промоцијата на новите Епл производи, тоа се шпекулациите и концептите за тоа што е и како ќе изгледа следниот Епл произвoд.
Тоа што е познат како магнат за недвижности, не го спречува Трамп постојано да забегува во најразлични бизниси, кои немаат ама баш никаква врска со неговата професија. Од чаеви, до списанија и бифтеци, речиси и да нема нешто на што Трамп не се потпишал.
Нема машко што не е свесно дека автомобилот треба редовно да се пере, исто како што нема машко што редовно го мрзи да го однесе автомобилот на перење. Еве можно решение на проблемот.
Спротивниот пол - "Невозвратена" не значи исто што и "платонска". - Има причина зошто го нарекуваат "затрескување". - Таа сака да ја слушаш, не да и нудиш решенија на темата за која се истура.
Еден од оние "направи сам" магазини, ама префрлен во он-лајн издание, со сосема солидна архива на планови и упатства за креирање на најразлични проекти. Освен проектите, на сајтот одлично функицонира и бројна заедница која би ви помогнала ако некаде заглавите.
1. Позицијата на вашиот противник однесете ја преку нејзините природни граници, преувеличите ја. Колку по општа ја направите изјавата на противникот, толку полесно ќе најдете аргументи против неа. Колку е поограничена и поконцизна вашата позиција, толку полесно е да ја одбраните.
На страна сите проневери, бељи и грешки кои ги откриваат документите објавени на Викиликс, посебно неверојатни се сите убиства и ранувања кои се случиле како последица на "пријателски оган." Да не знаеш кое е поневеројатно: му пукал во нога заради тоа што зборел за мајка му или го убил заради тоа што (овој другиов) му рекол да престане да му тропа над него.
До сега сигурно ги имате навежбано сите техники и совети потребни за на одмор, од тоа што треба да се прави ако те гризне медуза или дека не треба да се влегува во вода со полн стомак, па до финти како да ќариш чадор на плажа без да платиш за лежалка. Една работа која до сега никој не помислил дека ќе му притреба е - како да отстраниш авто-спреј од автомобил.
Прогласот на Македонскиот комитет (Татарчев, Матов) до меѓународната заедница во кој ги објаснуваат причините за кревањето на востанието. + Реакцијата на меѓународната заедница, според која целата оваа работа е дело на Сарафов, кој само сака да ги испровоцира Турците да направат масакр во Македонија, што би резултирало со меѓународна интервенција. + придонес од читатели
Мојот следен живот, јас сакам да го живеам назаечки. Почнуваш мртов и со тоа завршуваш со таа работа. Потоа се будиш во дом за старци, чуствувајќи се сe подобро со секој следен ден.
До сега сме виделе еден куп грди Американки како благодарејќи на часови и часови минати на хирургија, на крај заличуваат на нешто. Верувајте, не сте виделе грдо, додека не видите грда Романка. Па и нив успеваат да ги оправат (барем до некаде.)
1. Ако сакате со еден збор да ја идентификувате причината зошто човековата раса го нема постигнато, и никогаш нема да го постигне, својот полн потенцијал, тогаш тој збор би бил "состаноци."
Сте запознале згодна девојка во некој ноќен клуб, сте се напиле по некоја пијачка, сте ја поканиле дома и сè на сè убаво се завршило. Ако сакате да нема каење идното утро, викнете и такси. Се исплати.
Никој не сака да биде интервјуиран, а сепак никој не сака да рече не, бидејќи луѓето што интервјуираат се учтиви и со фини манири, и покрај тоа што се дојдени да те уништат. Не треба да ме разберете дека мислам дека тие намерно се дојдени да уништат или дека потоа се свесни дека уништиле нешто; не, јас мислам дека нивното однесување повеќе наликува на циклон кој доаѓа со грациозна намера да го освежи задушеното село и не е свесен дека на селото му направило се друго освен услуга.
- Зошто мажите се женат? За да не мора повеќе да го вовлекуваат стомакот. - Кои се омилени животни на жената? Визон во шифоњер, Јагуар во гаража, тигар во кревет и магаре што ќе плати за сето тоа.
Американскиот потпретседател во Tonight Show му се “правда“ на Џеј Лено, дека не е тој виновен што ја вратиле “жешката“ Ана Чепмен на Русија. Џо Бајден одговара и зошто САД добиле 4 шпиони од Русија а и дале 10.
"Write the Future" рекламата на Најк е меѓу 10-те најдобри видео реклами што излегоа годинава, она што е лошо во целата работа е што веројатно ќе биде запаметена и како најбаксузната реклама во историјата на телевизијата.
1. Недостаток на мотивација. Талентот е нерелевантен ако човек не е мотивиран да го користи. Мотивацијата може да биде надворешна (на пример за потврдување на статусот во општеството) или внатрешна (за задоволство од добро завршена работа). Надворешните извори имаат тенденција да бидат преодни, додека внатрешните имаат тенденција да создадат по константни перформанси.
Титулата за највредни работници во Европа ја имаат Австријците, Јапонците се народ кој со сила оди на одмор, додека Французите треба човек да ги моли да се вратат на работа, покажа истражување спроведено во 13 земји.
Кинески милионер влегува во ресторан и прави сметка од 280.000 јуани (или 30.000 долари). Сметката не е спорна, единствено проблематично е што во него во кеш имал околу 100.000 јуани а ресторанот не прима картици. По кратка расправија, бизнисменот се јавува на телефон. За десетина минути, пристигнуваат два автомобили, со 200.000 јуани во банкноти од по 1 јуан, пари кои вработените треба да ги избројат до последна.
Повеќе животни совети, само фино спакувани во добри цртежи колку да ви биде полесно да ги прифатите. Како на пример за врската меѓу порното, Дизни и неостварената љубов :)
Веројатно единствениот гол календар без воопшто голотија. Одлична кампања на компанијата за производство на монитори EIZO, поточно за нејзината линија на монитори за рендген машини.
Во петокот започна Мундијалот 2010. Годинава ќе биде 7-ми пат од 1950-та, како репрезентацијата на САД игра на Светското првенство во фудбал, спорт кој и натаму инсистираат да го нарекуваат - сокер. Зошто?
Една поприлично обемна статија со упатства за трајно бришење на вашите акаунти на најпознатите светски веб сајтови. Од 1 до 5 најтешко ќе го избришете акаунтот на Фејсбук, а најлесно на ПејПал и Твитер. На Википедија е невозможно.
Преживеал удар од авион, зависности од дрога и алкохол, ментални крахови и нефункционален семеен живот, за потоа да стане експерт за фармација, неврологија, психологија и хипохондрија. Запознајте го новиот “недозволен” колумнист за здравство на Сандеј Тајмс – Ози Озборн.
При неодамнешната посета на Авганистан, британскиот секретар за одбрана го навлече гневот заради тоа што ја нарече "неуспешна држава од 13-от век." Замерките не беа затоа што тој не беше во право, туку затоа што беше премногу отворен. Она што целата работа ја прави уште пoтрагична е сеќавањето на не така дамнешното просперитетно минато на земјата.
Браунстајн имаше досадна работа како просечен копирајтер во голема меѓународна просечна агенција. Само уште еден запчаник во џиновското тркало, кој сонува да работи во покреативна агенција во која би можел да направи вистинска разлика.
Ова е можеби единственото шоу во кое учесниците се натпреваруваат да бидат што е можно поголеми губитници. Идејата е - на почеток од сезоната доаѓаат еден куп дебели Американци и во текот на шоуто се следи кој/а најмногу ќе изгуби. Годинава најдебелиот имаше 239 килограми, а си замина 120 кг послаб.
Оние што годинава им е прв пат уште не се свесни, оние што годинава слават 15 години матура комплетно се имаат помирено со тоа дека што и да носеле на матура, денес ќе изгледаат смешно. Еве малку утеха за овие вториве.
Еве што би се случило кога вашето комбе од триесетина илјади евра, Мерцедес Виано, би им го дале на доработка на момците од Брабус. Освен налепницата Брабус, ќе ви "налепат" и Плејстејшн, ЛЦД, кафемат, уште еден куп работи и со сето тоа ќе развие 100-ка за 8,7 секунди а максимална брзина ќе му биде 208 км/ч.
Кога си сиромашен секогаш како утеха ти е дека некаде на некое друго место во светот, има луѓе кои се далеку посиромашни од тебе. Кога си сиромашен во Бангладеш, немаш таква утеха, таму работиш на производство на цигли, пекол во споредба со кој рударите изгледаат "изнамачено" како универзитетски професори со по дури две предавања неделно.
Пијан од идејата за светска доминација на основачот Марк Цукерберг, Фејсбук стана негативец. Време е останатиот дел од интернет еко системот да го сфати ова и да работи на замена со нешто поотворено. Фејсбук беше место каде што со пријателите и фамилијата се разменуваа фотографии и мисли и каде што се играа пар глупави игрици во кои се преправавте дека сте мафијашки бос или фармер.
Кога рокот ќе заврши или кога едноставно ќе ги замрзи да се шминкаат, и они почнуваат да подзаличуваат на луѓе. Некои од најголемите рок ѕвезди во цивилна варијанта.
Ова е затворот Халден, вториот по големина затвор во Норвешка. Условите во него се, како да ви објасниме... како во некој ресорт на Алпите, од кој единствено малку потешко се одјавува.
20.000 луѓе, добар дел од политичката елита во земјата, сите криминалци што смееле да се појават и 108 црни лимузини (ова има некаква врска со Будизмот) ја сочинуваа поворката на испраќањето на можеби најголемиот мафијашки бос во историјата на Тајван, Ли Чао Хсиунг.
Постојаниот развој на Хонг Конг, со себе носи постојано рушење на старите и ефтини станови за изнајмување и изградба на нови и ултра скапи згради и куќи. Меѓу другото, ова доведе до појава на "луѓе од кафезите" кои заради сиромаштијата живеат во кафези со површина не поголема од 1,5 метар квадратен, за кој плаќаат месечна кирија и до 150 евра.
Во зависност од тоа кого ќе прашате, или од тоа колку е напушен, варијанти за потеклото на терминот има колку што има продавници за медицинска марихуана во Калифорнија. Од тоа дека 420 е бројот на активни хемикалии во тревата, 4 и 20 е време за пиење чај во Холандија, беше нешто поврзано со роденденот на Хитлер, сè до: се работи за оние бројките од онаа песната на Боб Дилан, само помножени.
Не така голо, туку она другото, како исфрлени од поплава, без шминка, фризури и што ли друго и да им прават. Да не нè сфатите погрешно, не ги ругаме, само се куражиме :)
Сведочејќи пред судот во Хаг, Наоми Кембел признала дека за време на престојот во Јужна Африка во 1997-та година, добила на подарок вреќичка со неколку мали дијаманти, со што го даде клучниот доказ во судењето против Чарлс Тејлор.
Враќањето на СДСМ на координациите, прифаќањето на било каков деловник како и тоа дека се откажуваат од формирање на комисија за контрола на државните пари за спикерот Вељановски е добар потег. Тоа... сите 56 вести
-Ниту еден од личностите кои беа споменати од СДСМ, во времето на транзицијата не извршуваа никаква јавна или државна функција. Сите тие влегоа во политиката од работни места на исклучително големи... сите 13 вести
Технички или коалициони проблеми ја одложија денешната прес конференција на премиерот Груевски.Требаше да се одржи денеска но се презакажа за утре.Тогаш ќе го соопштел Отчетот за досега сработеното.... сите 12 вести
Три жртви на вооружен напад во рибарницата „Биг Фиш“, која се наоѓа кај сендвичарата „7“, во трговскиот центар „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, напаѓачот е... сите 16 вести
Во врска со настанот од пред два дена, кога во Битола, во стан лоциран на ул.Јосиф Христовски, беше спроведена обемна полициска интервенција СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А. (43), Б.А.... сите 40 вести
13-годишното девојче од Велес кое падна од 15 метри, според последните информации од лекарите, се бори за живот на ургентниот центар во Скопје. Примена е од велешката болница со тешки повреди на... сите 13 вести