Отворањето на годинешните награди и промоцијата на Џими Фалон за домаќин, трибјутот на Фалон за сите "паднати" шоу од минатата сезона и цел клип со Рики Џервејс.
Како би звучеле неколку класични филмови кога гласовите би биле позајмени од екипата на Сунѓер Боб. Оригиналниот дијалог останува, само гласовите се сменети.
Украсното завиткување подароци е една од најстарите машки непознаници и фрустрации. Конечно имаме добра вест за нив: клип кој ќе ги фрустрира и женските.
Стив Карел во емисијата на Zach Galifianakis (дебелиот со брадата од Хенговер,) да го промовира новиот филм и општо да си направат муабет и фала богу, ништо од тоа не успеа...
Каква врска имаат над 90-те илјади документи од Викиликс со Лејди Гага и еден војник што сака по цел ден да пее песни од нејзе. Бонус: излезе дека Американците се најголеми финансиери на луѓето кои најмногу во свет сакаат да убиваат Американци.
Не финта да прашаш некој возрасен, колку заработува НБА играч, бидејќи и онака он цел живот го минува фантазирајќи што би правел со толку пари кога би бил платен како НБА кошаркар. Интересното е да видиш дете што мисли на таа тема. Неодоливо.
Еве како изгледа диџеј што пушта музика во најголемата арена во светот, пред над 40.000 луѓе. Само што овој е во дневна и многу веројатно е скроз здрвен.
Добра глума, комплексни карактери и интересен заплет се есенцијалните компоненти на секој голем филм. Но дека филмот е култен, знаете кога ќе чуете само една реплика и истиот ви излегува пред очи, независно дали сте го гледале или не. 15-те реплики на повеќе се доказ дека понекогаш зборовите говорат повеќе од делата.
По долги години вежбање англиски јазик и правилен изговор, Шварценегер може конечно да го сними Конан Варваринот како што од старт навистина сакаше да се сними - како мјузикл.
Шеикот кој доби слава со предавања од типот "Зошто е во ред да удриш жена," и слично, сега ја објаснува разликата меѓу машкиот и женскиот процес на зборење и тоа во МС Пеинт.
Паралелно со музичката кариера која несакајќи почна да ја развива кај нас, Екрем сосема успешно работи на својата телевизиска кариера во САД. Ни повеќе, ни помалку, еве го Екрем како еден од ликовите во новата рекламна кампања на Долче и Габана. Скроз сериозно.
Леонардо Брага, човекот кој мина 13 дена гледајќи ги сите филмови на браќата Коен и на Тарантино, за да ја направи феноменалната монтажа од 500 клипови, сега се враќа со поденакво епски клип составен од филмови на Кјубрик и Скорсезе. Овој пат се 25 денови, за 34 филмови.
Можеби најдобрата дефиниција за разликата меѓу американскиот и нормалниот фудбал: американскиот фудбал се игра како серија на рекламни спотови а фудбалот се игра како џез.
Како Јапонците го доживуваат начинот на кој нивната храна се "презентира" низ светот и која е поентата да јадеш жива риба и да пиеш ракија со змија внатре:)
Како и да ја свртиме, да гледаш актери како зафркнуваат работа и се смеат без контрола е екстремно смешно, па во некои случаи одјавната шпица како да е подобра од целиот филм.
Ќе го храниш, ќе го пазиш, ќе го облекуваш, ќе дочекаш да стигне до 9 - 10 години за конечно да можеш да му извадиш еден заб со ракета. Па уште му држи лекција како се стартува ракетата и му вика - сигурен си дека сакаш :)
Зошто луѓето што уште немаат деца не треба да им судат на родителите што не можат да си ги поднесат своите, и колку многу се лажат што мислат дека ќе можат да се разберат со децата.
"Медитација на насилството и визуелната тропа во филмовите. 'Pure' ги слави дробните задоволства на кинематографијата." Да не го тупиме, ставете на цел екран и попуштете звучниците:)
Или ние сме едни од ретките што и го памтат стриптизот со џиновската змија, или Селма Хаек страда од новостекната фобија од влекачи. Ѕирнете каков напад на хистерија добива Хаек за време на едно неодамнешно ТВ шоу кога ќе види змија.
Поголема пишурија од ова (барем неделава) веројатно нема да начекате. Одиме во Уганда, кај едно анти хомосексуално здружение чиј прв човек, (пастор Мартин Семпа), на публиката сочно им објаснува зошто хомосексуалците се гадни и што све они прават. А пасторот, еден живописен лик, до бескрај. Дур не ти се огади, не престанува да те убедува :)
Прво ќе помислите дека вашиот ангел чувар неотповикливо дал оставка оставајќи ве да се злопатите како возач на рикша. После ќе дојдете на една раскрница и ќе сфатите дека се е во најдобар ред со овој универзум.
Пред неколку години го имавме тој буцкото со "Nessun dorma," лани ја имавме Сузан Бојл, годинава запознајте ја Џени Катлер, 81-годишна мајка на 7 деца, баба на 13 и прабаба на 4-ца. "No Regrets," англиската верзија на "Non, je ne regrette rien," од Едит Пиаф.
Сето она што му се случуваше на Хитлер и сцената со капитулацијата од Der Untergang, е на добар пат да го снајде и оној кутриот црнец што цел свет на интернет му фати сеир како плаче.
Со дво-чекор ја прескокнуваме 3-та и директно се префрламе на трејлерот за 4-то продолжение на Ајронмен. А како и во секоја добра четворка и тука Советите чекаат.
На некои места под алтернативни спортови спаѓаат, трки на келнери, на други, првенство во играње на шипка. Ај до кај овие вториве да видиме кој ќе победи.
Црни, плави, дебели, слаби, грди, убави, силиконки или природни, сите имаат возачки и сите некогаш не извадиле од такт. Трибјут на најлошите жени возачи.
10 видеа од професионални актери како имитираат некои од своите колеги. Секако има неколку импресии на Вокен, ама тие се премногу неодоливи за да се избегнат, а има и некои што ќе ви бидат скроз нови фаворити:)
Да е ова Фејсбук, овде би стоела група "Сите оние кои имаат апсолутен слух или знаат некој кој има апсолутен слух нека пробаат прецизно да го отсвират ова"!
Кога не ја губиш младоста висејќи на студентски прашања и пред кабинети на професори, имаш време и да организираш и нешто вакво. Локација - менза на Универзитетот Мисисипи.
Трибјут на Џон Лестер, Бред Брд, Пит Доктер и Ендру Стантон (сите четворица од Пиксар), за сите "добра" што ги имаат направено за филмската индустрија и анимацијата.
Враќањето на СДСМ на координациите, прифаќањето на било каков деловник како и тоа дека се откажуваат од формирање на комисија за контрола на државните пари за спикерот Вељановски е добар потег. Тоа... сите 56 вести
-Ниту еден од личностите кои беа споменати од СДСМ, во времето на транзицијата не извршуваа никаква јавна или државна функција. Сите тие влегоа во политиката од работни места на исклучително големи... сите 13 вести
Технички или коалициони проблеми ја одложија денешната прес конференција на премиерот Груевски.Требаше да се одржи денеска но се презакажа за утре.Тогаш ќе го соопштел Отчетот за досега сработеното.... сите 12 вести
Три жртви на вооружен напад во рибарницата „Биг Фиш“, која се наоѓа кај сендвичарата „7“, во трговскиот центар „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, напаѓачот е... сите 16 вести
Во врска со настанот од пред два дена, кога во Битола, во стан лоциран на ул.Јосиф Христовски, беше спроведена обемна полициска интервенција СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А. (43), Б.А.... сите 40 вести
13-годишното девојче од Велес кое падна од 15 метри, според последните информации од лекарите, се бори за живот на ургентниот центар во Скопје. Примена е од велешката болница со тешки повреди на... сите 13 вести