Писма на здравствено освестени читателки По враќањето во Македонија, луѓето со ЦД-то одат кај кардиолог од Клиника кој без да го отвори, откако ја чул приказната искоментирал: “Па ако е така, нека му платат и карта за контрола“. --------------------- Сте го гледале “Сико“ на Мајкл Мур? Опишувајќи го здравството во САД, преполно со матни политички игри и со примери на флагрантно кршење на Хипократовата заклетва, тој го наведува позитивниот пример на Британија, во која здравството е бесплатно, па дури и за странци. Истото чудење со кое Мур ја напушти лондонската болница, по неколку пати препрашувајќи дали навистина не треба ништо да се плати, го почувствуваа двајца мои пријатели, кои ме замолија да ја раскажам нивната приказна.
Значи при посета на ќерка си во Англија, на католички Велигден, на таткото му се слошува. По преглед во локалната амбуланта со брза помош е пренесен во (државна) болница, каде е констатиран инфаркт. Направени се сите неопходни испитувања, вклучително и коронографија. Пациентот е под постојана грижа на персоналот, во соба која наликува на оние во нашите приватни клиники, со телевизор и интернет. После пет дена поминати во болницата, семејството веќе почнува да се загрижува за можните трошоци - иако слушнале дека здравството во Британија е бесплатно, сепак, тие се странци, од земја во која се плаќа дури и превозот со санитетско возило, а до скапите “државни“ лекови доаѓате само ако имате многу, многу...среќа. На денот на отпуштањето од болница персоналот се заблагодарува на довербата, и наместо фактура на пациентот му дава - ЦД со сите податоци од направените испитувања и ќеса полна со неопходните лекови за следниве два месеца! На луѓево уште не им се верува и очекуваат секој момент сметката да им стигне по пошта. Писмото стигнува, но во него има само потсетување за датумот кога пациентот треба да се јави на контрола. И - толку!
По враќањето во Македонија, луѓето со ЦД-то одат кај кардиолог од Клиника кој без да го отвори, откако ја чул приказната искоментирал: “Па ако е така, нека му платат и карта за контрола“.
Можеби Мајкл Мур треба за момент да заборави на Буш, на вториот дел од 9/11, на здравството во САД и да дојде на посета во - Македонија. Само не дај боже дури е тука да му се слоши. А богами би имало и од што..
Несоодветниот вокабулар на амбасадорот Мартин Треневски е причината поради која тој е погрешно разбран во јавноста, смета премиерот Никола Груевски. Според него земјава стратешка цел и е да стане што... сите 23 вести
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и... сите 38 вести
Владата полека се предомислува во однос на поделбата на поранешниот клинички центар – денеска донесе одлука за спојување на 4 клиники во една. Клиниките за трауматологија, за ортопедија, КАРИЛ и... сите 9 вести
Четворица вработени во „Македонски железници“ завчеравечер биле повреди во несреќен случај кога работната машина, со која вршеле рутинска интервенција на пругата во близина на неготинското село... сите 12 вести
Оперативци на скопската полиција деновиве привеле четворица жители на градот, во чии домови и возила биле најдени пиштоли кои осомничените ги поседувале на црно Во обемната акција на која и... сите 4 вести
Гостиварската полиција сé уште трага по жител на селото Градец, осомничен дека деновиве заедно со негов пријател силувале девојка, вработена во кафеана во селото Според полициските информации,... сите 4 вести