Го прелиставме спорниот учебник по Општество за 5-то одделение околу кој се крена онолкава врева. Знаете што? Нора Шаќири, Тони Михајловски, Игор Џамбазов или Ферус Мустафов се најмалиот проблем таму. Особено е јадно што спомнатите, ни криви ни должни, го понесоа целиот товар на лицемерната медиумска загриженост за тоа што учат децата. Извадете ги горенаведените, ставете ги оние што мислите дека треба и - нема да добиете ништо подобар учебник! Еве ги интерните реакции после она што го прелиставме:
Не дека нешто цела нација треба да слуша турбо фолк или да знае певаљки, ама колку треба човек да е познат за презимето да му биде правилно изговорено на телевизија.
Вака лош сон ни Стивен Кинг не може да ти смисли. Заспал, ја сонувал, а она како камен му тежи и како оган му жежи. Кошмари. Е сега, игнорирајте се ова што рековме, отворете ги чакрите и дозволете му на Драганче да ви го раскаже својот сон.
Ако се земе во предвид колку е тапа македонскиот фудбал, ова му доаѓа како бродвејско шоу во однос на она што се случува на теренот. Некогашното "Скопје има аеродром, Битола нема," адаптирано за потребите на кавадаречко-неготинското фаќање сеир. Па вика: Семафор сум дете имам светла три, од Неготино си, не ме знаеш ти.
Роботите по светските саеми играат шах, чистат по куќа, решаваат заебани проблеми... Погодете што прави македонскиот робот? Сцена од овдешниот саем за роботика. Дражесно.
Ако постои некаква комора, здружение, вотевер на сопственици на базени и слични рекреативни објекти, очекувам денеска да не бараат под дрво и камен молејќи не да ја извадиме оваа слика дур не сме им ја ебале цела претстојна сезона. I dare you to click!
Дали некогаш со помислувате дека вашиот мозок е извор на сите ваши проблеми? Еве песна која ефектно ќе го реши тој ужас бидејќи ќе ви согори толку сиви ќелии да не знаете гзот кај ви е! Што знаеме за песната "Не си оди застани"? Дека ја пее извесна Андријана (види фотос), дека музиката, текстот и аранжманот (троен криминал) се на извесен ДЏ Шојка (хихи), дека најдобар стих е "сама само грешам" (затоа му вика да не си оди него да застане) и дека нејзината глоријановска репетитивност ќе ве донесе до состојба на - се надевам - привремено лудило. Како настанале Зомбите? Слушнете ја песната и потоа погледнете се во огледало.
Симпатично преставување на македонскиот претставник на некој светски избор на Мистер Овој-Оној и притоа ја фали храната, природните богатства на земјата... ја мислим ок... ок, тенк ју.
Охохо, каква музичко политичка џаконија! Спотот на химната на младите социјалисти на Македонија, њам, њам! Во музичка смисла - на трагите на Bend Aid (SPM for Africa: Did they know it's lunch pause time?), во текстуална смисла: малку Мира Марковиќ (Срце је на левој страни) и многу рима: глобалист, хуманист, социјалист, нудист..., во режисерска смисла - кога ќе се спомне "визионер" автоматски оди кадар на Љубисав Иванов, со повремени упади на Гоце Делчев. Лајк, лајк!
Враќањето на СДСМ на координациите, прифаќањето на било каков деловник како и тоа дека се откажуваат од формирање на комисија за контрола на државните пари за спикерот Вељановски е добар потег. Тоа... сите 56 вести
-Ниту еден од личностите кои беа споменати од СДСМ, во времето на транзицијата не извршуваа никаква јавна или државна функција. Сите тие влегоа во политиката од работни места на исклучително големи... сите 13 вести
Технички или коалициони проблеми ја одложија денешната прес конференција на премиерот Груевски.Требаше да се одржи денеска но се презакажа за утре.Тогаш ќе го соопштел Отчетот за досега сработеното.... сите 12 вести
Три жртви на вооружен напад во рибарницата „Биг Фиш“, која се наоѓа кај сендвичарата „7“, во трговскиот центар „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, напаѓачот е... сите 16 вести
Во врска со настанот од пред два дена, кога во Битола, во стан лоциран на ул.Јосиф Христовски, беше спроведена обемна полициска интервенција СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А. (43), Б.А.... сите 40 вести
13-годишното девојче од Велес кое падна од 15 метри, според последните информации од лекарите, се бори за живот на ургентниот центар во Скопје. Примена е од велешката болница со тешки повреди на... сите 13 вести