Лидер на Вајмакс оцени дека технологијата е "катастрофална" Пионерите на WiMAX технологијата во Австралија лани помпезно најавија голем поход на нивниот брз интернет и гласовните услуги на континентот. Една година подоцна, првиот човек на Buzz Broadband реши да ја затвори мрежата, јавно признавајќи дека технологијата е "катастрофа" која "очајно потфрлилa".
На меѓународната WiMAX конференција која деновиве се одржува во Бангкок, генералниот менаџер на австралискиот оператор Buzz Broadband ги запрепасти присутните со својата тирада против технологијата во која неговата компанија вложи големи средства и надежи.
Гарт Фриман изјави дека клучната предност на вајмаксот, можноста за врска и без оптичка видливост (таканаречениот "non-line of sight performance") се претвора во “non-existent” веќе на два километра. Неговото едногодишно искуство со оваа технологија вели дека посебно слаба е и внатрешната достапност на Вајмаксот која се сведува на безначајни 400 метри од станицата а латенцијата знаела да достигне и до 1000 милисекунди.
Ваквите карактеристики, според Фриман, се покажале како комплетно неприфатливи за низа интернет решенија, особено за Воип-от на кој неговата компанија ја базираја својата клучна стратегија за освојување на дел од австралискиот интернет пазар.
Ваквата рецензија на Вајмакс технологијата предизвика вистински шок во засегнатите ИТ кругови и претставува дополнителна главоболка за Интел и останатите компании кои веќе со години се обидуваат оваа технологија, од тест фаза да ја промовираат во сериозен, доверлив и комерцијално исплатлив начин на пренос на податоци. Последна промена: 25.03.2008#
Несоодветниот вокабулар на амбасадорот Мартин Треневски е причината поради која тој е погрешно разбран во јавноста, смета премиерот Никола Груевски. Според него земјава стратешка цел и е да стане што... сите 23 вести
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и... сите 38 вести
Владата полека се предомислува во однос на поделбата на поранешниот клинички центар – денеска донесе одлука за спојување на 4 клиники во една. Клиниките за трауматологија, за ортопедија, КАРИЛ и... сите 9 вести
Четворица вработени во „Македонски железници“ завчеравечер биле повреди во несреќен случај кога работната машина, со која вршеле рутинска интервенција на пругата во близина на неготинското село... сите 12 вести
Оперативци на скопската полиција деновиве привеле четворица жители на градот, во чии домови и возила биле најдени пиштоли кои осомничените ги поседувале на црно Во обемната акција на која и... сите 4 вести
Гостиварската полиција сé уште трага по жител на селото Градец, осомничен дека деновиве заедно со негов пријател силувале девојка, вработена во кафеана во селото Според полициските информации,... сите 4 вести