Ads

Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

* Се чувствувам евентуално. Драгана Мирковиќ, ораторка
* Се извинувам, не ми беше целта да го навредам новинарот. Впрочем, „јади гомна“ и не е некоја навреда.
Ѓорѓе Патниќ, гастроном
* Сардините го добиле името по Сардин, кој ги измислил.
Милош Бојаниќ, конзервиран
* Не сум нарцис, но сакам да се гордеам со резултатите од мојата работа и да им се восхитувам.
Жељко Јоксимовиќ, зумбул

На овој народ му е доста од празни фрази. Целта е Србија да ја вработиме, да го намалиме увозот и да го зголемиме извозот.
Велимир Илиќ, реформатор 

Не би можела да преживеам ако умрам.
Зорица Брунцлик, метафизичарка

Боже, јас нешто се распаѓам.
Сања Маринковиќ, фасада 

Се шишам еднаш месечно, што значи дека секои 20 дена одам на фризер. Драган Којиќ Ќеба, сметководител

Може да се случи и јас утре да умрам, тоа не го знам, сешто може да се случи.
Јован Кркобабиќ, видовит

Познат сум по тоа што не сум премногу насилен.
Милорад Улемек Легија, нежниот

Јас сум самокритична, особено кон себе.
Цеца Ражњатовиќ, аналитичарка

Шешељ е брилијантен во сексот. Како и неговиот ум.
Весна Вукелиќ Венди, курсистка

Уживам да гњурам под вода.
Милош Бојаниќ, Кусто

Џабе ми е што сум интелигентна, ако сум глупа.
Маја Николиќ, близначка

Учев и дење и ноќе, по 20 пати ја читав истата книга.
Александар Вукелиќ, повторувач

Без пари не можам, но тие ми се небитен фактор.
Немања Видиќ, касиерка

Порано пиев многу повеќе, но и сега кога ќе се напијам ептен претерувам.
Џеј Рамадановски, трезвен

Во последниве две години, колку што бев трудна, ми се чини како да сум го доживеала најголемиот подем.
Јелена Карлеуша, Георгина

Без членство во НАТО нема ни пластеници со пиперки во Лесковац.
Чедомир Јовановиќ, агроном

Јас и како мала бев дете.
Сузана Манчиќ, шпилхозна

Во школото за танцување имаше доста девојки кои имаа две нозе.
Слаѓана Делибашиќ, педикирка

Мене ми е многу тешко да кажам не, ама после долго убедување велам – да.
Ана Станиќ, милосрдна

Да не се бавам со глума сигурно би била нешто слично.
Ива Штрљиќ, гумица

Сакам зелено и природа, тоа ми е во крвта.
Индира Радиќ, вонземјанка

Кога Вук се роди прв пат, рекоа дека личи на татко му.
Тијана Дапчевиќ, повторувачка

Кажете ми кои се моите добри, а кои лоши доблести.
Ера Ојданиќ, дуален

Сузана веќе била во Херцег Нови и Тиват. Наскоро треба да оди и во Црна Гора.
Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, монтенигерка

Еве, ја видов и нејзината ќерка, и убеден сум дека нејзината баба и прабаба ќе биде млада. Дали и нејзината ќерка ќе биде млада, ни останува да провериме.
Сава Радовиќ, гинеколог

Се опијанувам само од алкохолни пијалоци.
Александра Јефтовиќ, пробирлива

Какви момчиња, имаат полни заби насмевка.
Сузана Манчиќ, џокејка

Сакам да носам црн блу џинс.
Зорица Брунцлик, полиглот


31. Јануари 2011 - 1:00
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

15
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk